Сметката на општина Теарце блокирана поради долг за проект пред изборите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Теарце е со блокирана жиро-сметката! Причината е неплатен долг за проект реализиран пред изборната кампања.

-Жиро-сметката е блокирана поради проект кој е реализиран во минатото, завршен пред изборната кампања во 2025 година, и, за жал, од тој завршен проект – асфалтирањето на еден пат – е платена само многу мала дел од сумата на компанијата, што било законска обврска. Всушност, компанијата нѐ информираше со писмо во ноември 2025 година, а ние ослободивме само дел од средствата колку што имавме во буџетот, изјави градоначалник на Теарце, Даут Мемиши.

Критики за ова дојдоа од Алијансата за Албанците. Поранешниот кандидат за градоначалник на општината, Назим Таипи, го обвини Мемиши дека 5 месеци се занимава само со обвинувања и побара одговорност за состојбата.

-Општина Теарце се претвори во институција каде што продолжуваат „пинг-понг обвинувањата“. Пет месеци по локалните избори, на Општина Теарце ѝ е блокирана жиро-сметката. Граѓаните не сакаат оправдувања, туку транспарентност и одговорност! – вели поранешниот кандидат на АА за градоначалник на Теарце.

Во декември 2025 година, Општина Теарце соопшти дека долгот на општината изнесува 109.9 милиони денари или 1.787.662 евра. Во моментов, со Општина Теарце раководи Даут Мемиши од коалицијата ВЛЕН, пред него на чело на општината бил Нуни Незири од ДУИ, а претходно Исен Асани исто така од ДУИ.