Снег паѓа низ цела Македонија – еве каква е состојбата на патиштата (видео)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во моментов снег врне на цела територија во Р.Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни влажни коловози.

Поради снежни врнежи воведена е забрана за движење на ТМВ на патниот правец крак Маврово- Дебар.

Според информација од ЈП МакедонијаПат, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин  поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец  Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Во продолжение погледнете каква е состојбата на патниот правец Тетово – Гостивар: