Снегот прави проблеми во Загреб, сите летови доцнат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Загреб во петокот се разбуди во бело. Снегот паѓаше во текот на утрото, создавајќи потенок слој, со температури под нулата кои бараат авионите да поминат низ процес на одмрзнување, што создаде забележително одложување на полетувањата од хрватскиот главен град.

Од утрово доцнеа сите 17 линии предвидени од Загреб, а вкупното доцнење беше 978 минути на сите летови од аеродромот „Фрањо Туѓман“.

Летот од Загреб до Скопје е предвиден да полета во 13:50, а во Скопје да слета во 15:05, и засега нема најава за негово доцнење.