Снежно невреме ја погоди Турција, откажани летови од Истанбул – најавено доцнење и на авионот кој треба да слета во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради лоши временски услови денеска се откажани околу 150 летови од аеродромот во Истанбул, „Сабиха Гокчен“ на азискиот дел од Истанбул, објави министерството за транспорт и инраструктура на својата веб-страница.

Поради замрзнатите услови и снежни врнежи, на 20 и 21 февруари се очекува да бидат откажани околу 200 летови од аеродромот.

Најавен лет од тој аеродром има и до Скопје, но истиот е одложен за 45 минути.

ФОТО: Архива