Снопче за ТВ21: Со 61 потпис и докажавме на Владата дека е нелегитимна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, денеска во централното издание на вестите на ТВ21 говореше за потписите кои беа собрани синоќа во Собранието.

Тој вели дека со собраните 61 потпис докажуваат дека актуелната власт е нелегитимна.

„Политичките партии кои не се дел од овој хибриден режим, најкорумпираниот режим во регионот, ги надминаа разликите и всушност собравме 61 потпис за да и докажеме на власта дека е нелегитимна“, рече Снопче за ТВ21.