Катица Јанева денеска искажа како се запознала со Бојан Јовановски – Боки 13. Таа рече дека пријателството се случило спонтано. Тој дошол неколку пати во СЈО со новинари за да договора гостувања на обвинителите во 1ТВ.
„Спонтано почнавме да пиеме кафе со Бојан. Со него разговаравме за кучиња, сакавме и двајцата, ме критикуваше за облекување, за изгледот, ми кажуваше како успеал да ги симне килограмите“, рече Јанева.
