Коронавирусот беше тест и за Европската унија, оценувааат експертите додавајќи дека дека таа не е само Унија заради економски и политички интереси, туку во овој момент Европа треба да дека е Унија на луѓе кои се солидаризираат заедно.
-Апсолутно не. И доколку се намалат платите на администрацијата и сите можни трошоци, невозможно е да успееме да излеземе од ова криза без финансиска поддршка или многуте …невозможно е.-рече универзитетскиот професор Гадаф Реџепи.
Дали во Македонија има финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот? На ова прашање во ЕУ КЛИК одговори професорот Гадаф Реџепи.
-Моментално имаме економски шок но не и финансиска криза, тоа е многу важно. Кога имате и финансиска и економска криза тогаш е многу тешко и откако ќе помине таа криза за да се закрепне економијата.-вели Реџепи.
Директорот на Центарот за управување со кризи вели дека досега преброделе многу, но дека некогаш се ќе соочат со ваков не пријател никогаш не помислиле.
-Да ви кажам искрено и ние во Центарот имаме кризи… Имавме кризи на двата гранични премини со Србија и Грција за мигрантите, имавме кризна состојба околу масивните пожари пред две години, но никогаш не сме помислиле дека во 21 век пандемијата ќе биде причина која ќе предизвика вонредни мерки кои ги преземавме-рече Буџаку.
Од Црвениот крст велат дека им помагаат на граѓаните но и на институциите во справувањето со кризата. Директорот додава дека Европа и другите светски организации не беа подготвени за една ваква криза.
-На почеток нашите активности беа фокусирани за помош на лицата во самоизолација и домашна изолација. Потоа преминавме во друга фаза – асистенција на државните институции во граничните премини при подготовка на епидемиолошките анкети. Откако се затворија границите, нашите активности и сили се фокусираа во обезбедување на хуманитарна помош.-изјави Саит Саити.
Во ЕУ Клик се разговараше и за цената на нафтата која изминатата недела за прв пат во историјата се спушти по 0 долари за барел. Професорот Реџепи вели дека за граѓаните потрагично треба да биде зголемувањето на долгот, бидејќи е интересно кога државата зема долг од 100, 200, 500 милиони евра, тоа кај граѓаните како да поминува многу лесно, но кога станува збор за зголемување на акциза за 3 денари, веднаш реагираат.
