Со месеци чекаат ленти и глукометри – пациентите со дијабетес разочарани од министерот Беким Сали

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пациентите со дијабетес во Скопје, со месеци чекаат за да обезбедат глукометри и ленти за мерење на шеќерот. Поради тоа, Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија бара промена на моделот за набавка на глукометри и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија. Тоа значи истите да бидат тргнати од тендерска постапка за инсулин и да бидат достапни во сите аптеки со референтна цена.

Наташа Деспотовска од Здружението „Баланс Мк“ и мајка на дете со дијабетес, вели дека во земјава има 600 деца под 18 години, односно деца и адолесценти со дијабетес од Тип 1 и вкупно 5 илјади лица со Тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин.


Од Сојузот на дијабетичари се пожалија дека министерот за здравство откако стапил на функција ниту еднаш не ги примил на средба.

Велев вели дека како здружение заедно со своите членки пред три месеци поднеле и официјално писмено барање за промена на моделот за набавка на глукометри и ленти, а за истото барање од канцеларијата на премиерот добиле писмено известување дека постапката ја започнале и дека го чекаат министерот за здравство. ТВ21 побара став од ресорното министерство и Владата во однос на овој проблем, но до ова информативно издание не добивме одговор.