Собранието го изгласа Законот за игрите на среќа – казината не смеат да бидат на 500 метри до училиштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со 59 гласа за и 9 против, Собранието го изгласа предлог-законот за игрите на среќа.

Со новиот закон казина нема да смеат да се во растојание од 500 метри до училиштата, забрана за рекламирање на излозите на коцкраниците, се забранува рекламирање со кое коцкањето се претставува како начин до личен успех, секој апарат мора да има задолжителен систем за локација (GPS) за тековна контрола од страна на УЈП, лиценците нема да можат да се мултиплицираат, се воведуваат финансиски давачки за отварање на нови уплатно-исплатни места, зголемување на износите на банкарските гаранции и имплементација на препораката MONEYVAL (Совет на Европа) како стандард во борбата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам.