Собраниската комисија за АНБ закажана за 10 септември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Собранието извести дека Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за 5 септември 2025 година со почеток од 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи во среда, 10 септември 2025 година.

Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност.

Оваа одлука е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието  и како резултат на политичката култура и отворената дебата меѓу сите претставници во Собранието. Таа ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси во интерес на граѓаните.