Софијанова: Не се очекува коронавирусот да прави компликации кај новороденчињата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Докторката Аспазија Софијанова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не се очекува коронавирусот да направи компликации кај новороденчињата.

„Процентот на заболеност кај популацијата новороденачка, доеначка и деца е многу помала и симптомите се буквално асимтоматски“, додава таа.

Софијанова вели дека има случај на новороденче кое е негативно на коронавирус, а сега се чекаат резултатите од тестирањето на мајката.