Сончево и многу топло – температурите до 41 степен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на топол бран следува период на многу топло време со високи температури кои ќе бидат над просекот и на целата територија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Во недела попладне и кон крајот на денот ќе има зголемена облачност и услови за изолирана појава на нестабилност со засилен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи.