Сончево со умерена облачност – температурите до 22 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, а во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми. Утринската температура ќе биде 9, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Во петок ќе се задржи променливо облачно со умерен северен ветер. Дневната температура ќе се намали за неколку степени. Во деновите од викендот и во понеделник  утрата ќе бидат студени, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.