СОНК обвинува за опструкции – не можат да постават претставник за потпишување колективни договори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синдикатот за образование, наука и култура нема репрезентативност за основно и средно образование, изјави претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков. Не од причина што нема доволен број на членови, напротив има многу повеќе од законско утврдениот број и е трипати поголем од вториот по ред синдикат, уверува Неделков.

СОНК пред една година ги поднесе документите за докажување на репрезентативност и до денеска Комисијата за докажување на репрезентативност, која е под директна надлежност на Министерството за труд и социјална политика, не ги зема во предвид.

Сепак Неделков вели дека поради непотпишување на колективните договори, некој треба да понесе политичка и кривична одговорност.