Соочување на кандидатите за Врапчиште, ги презентираа плановите за наредните четири години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатите за градоначалник на Врапчиште, синоќа во изборната дебата на ТВ21 говореа околу плановите и проектите кои ќе ги реализираа во наредните четири години доколку дојдат на чело на општината. Неби Реџепи од ДУИ, вети дека Врапчиште ќе добие поликлиника.

-Во наредните 4 години, не само што ќе изградиме поликлиника, туку ќе го прошириме и опсегот на услугите на амбулантата која се наоѓа во селото Градец-рече Реџепи.

Сенат Амети од редовите на Движење Беса, вети општинска амбуланта.

-Имајќи предвид дека сега сме дел од централната власт, итно ќе побараме да се обезбедат средства за изградна на амбуланта на територија на општина Врапчиште, која ќе нуди услуги 24 часа-изјави Амети.

Актуелниот градоначалник, Исен Шабани од Алијанса за Албанците-Алтернатива, кој се бори за втор мандат, на неговите противкандидати им порача дека поликлиниката не може да се реализира и да не се занимаваат со „3Д“ проекти. Шабани се осврна и на проектите кои ќе ги претвори во реалност, доколку ја добие довербата на граѓаните.

-Нашиот фокус е во проектите за реконструкција на депониите, проект за депонијата, проект за парковите со цел социјализација на децата со посебни потреби, проект за тампонирање на помошните улици на автопатот, проекти за урбанистички планови вон населените места-вели Шабани.

Шабани додава дека во изминативе четири години додека бил на чело на Врапчиште имало пораст на капитални инвестиции кои, како што вели, достигнале до 9 милиони евра.