Министерот за образование Јетон Шаќири и амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, потпишаа два меморандуми за реализација на заеднички активности во образованието и за проектот „Градиме нови мостови“ кој се однесува на етничката интеграција. По потпишувањето, Шаќири рече дека почитувањето и разбирањето се предуслов за мултиетничка земја како што е Северна Македонија.
„Нашето партнерство предвидува заеднички активности за реализација на проектот „Да се изградат нови мостови“ кој се спроведува кај многу генерации ученици, нивните семејства и наставниците лично ги чувствуваат придобивките што им ги нуди овој проект. Младите луѓе со етнички и верски разлики кои исто така зборуваат различни јазици се поврзуваат меѓу себе преку бројни наставни и воннаставни активности“, порача Јетон Шаќири.
Амбасадорот на ОБСЕ Килијан Вал истакна дека заедничките проекти ќе овозможат соработка меѓу училиштата на различни јазици.
„Ова значи натамошна соработка за пилот-програмата за двојазично образование во скопските училишта, што ја иницираше Град Скопје. Програмата опфаќа илјада ученици и 50 наставници во осум училишта во градот“, вели Килиан Вал.
Инаку, Вал нагласи дека меморандумите што мисијата на ОБСЕ ги потпиша со Министерството за образование и наука се во согласност со мотото на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“.
