Ова е состојбата со коронавирусот од 30.08 до 05.09 според податоците од ИЈЗ:
Тестирани се вкупно 38.587 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 5,6% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 4.623 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, за 27,3% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8% до 15,1%, просечно 11,7%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.124; 45,9%), a највисока инциденца е регистрирана во Свети Николе – 335,3/100.000 и Скопје – 334,9/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=1.379, 29,8%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=85; 1,8%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, кое се движи од -13,7% кај лицата над 60 години до -42,9% кај возрасната група од 20-29 години. Карактеристично е тоа што намалувањето е поизразено кај помладата популација, односно кај лицата до 39 години тоа изнесува -35,4%, додека кај постарите, лицата над 40 години, намалувањето е -21,4%.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 2.209 (47,8%) лица од машки и 2.413 (52,2%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.724 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, зголемување од 17,0% во споредба со минатата недела.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, намалување од 55,0% во однос на минатата недела.
Пријавени се 194 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (63), Тетово (33), Гостивар (19) и Куманово (13). Најголем број (n=148; 76,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.
