Состојбата со корона вирусот се смирува. Претседателката на матичните лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека во амбулантите нема веќе пациенти кои чекаат за преглед или бараат термини за тестирање за Ковид. Ниту јас ниту колегите немаме ниеден пациент за анкетираењ, додава таа.
Поради мирната состојба, докторката смета дека треба да се укинат сите мерки. Смешно е да не ви бараат сертификат кога влегувате во трговски центар а да не ви бараат кога седнувате на кафе, додава таа.
Не дневно ниво има околу 300 нови случаи со Ковид 19, со што министерот за здравство рече дека земјава се наоѓа во зелената зона, но дека е рано да се укинат мерките за носење маски во затворени простории. Според последните статистики општини со најмногу активни случаи се Скопје со 1.118 заразени, Битола со 141, Прилеп со 130 и Кавадарци со 90, додека Дојран е единствена општина со нула активни случаи.
