Папата Франциско, кој една недела е во болница поради билатерална пневмонија, добро спиел и утрово се разбудил за да појадува, соопшти денеска Ватикан. 88-годишниот папа се наоѓа на лекување во римската болница „Гемели“, каде што беше примен на 14 февруари откако имаше неколкудневно отежнато дишење.
Ватикан во четвртокот објави дека состојбата на Папата благо се подобрува, додавајќи дека сите параметри остануваат стабилни.
Ватикан претходно соопшти дека папата има полимикробна инфекција, додавајќи дека тој ќе остане во болница онолку долго колку што е потребно за да се справи со „комплексната клиничка ситуација“.
Неименуван официјален претставник на Ватикан рече дека Френсис не е на респиратор и дека дише самостојно.
