„Состојбата со коронавирусот е сериозна“ – Болничките капацитети речиси полни, се адаптираат други одделенија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на...

Бизнисменот Фијат Цаноски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен...

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се...

Милошоски: Да не се чудите зошто Османи, Димитров и Заев не доаѓаат во Собрание, тие се навикнати на тајни преговори кои потоа ќе ги...

Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното своеобраќање на протестот кој се одржа пред МНР...

Фајзер поднесе барање за авторизација на вакцината во ЕУ

Фармацевтската компанија Фајзер/БиоНТех соопшти дека денес поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за авторизација на...

Во моментов нема потреба од прогласување на нова вонредна состојба, иако ситуацијата со коронавирусот е сериозна, беше заклучено на деветтата седница на Советот за Национална безбедност.

„Ситуацијата не се подобрува, секој ден има се повеќе заболени и починати. И најразвиените земји тешко излегуваат на крај. Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти, но во однос на сетот на мерки, не постојат мерки што се препорачани од СЗО и што ги применуваат другите земји, а да не се применуваат кај нас“, посочи претседателот Стево Пендаровски.

Тој додаде дека и без вонредна состојба, армијата е ангажирана во некои земји, а истото можеме да го сториме и ние.

„Армијата е ангажирана во некои земји. Работат дури и епидемиолошки анкети. Доколку е потребно и јас ќе дозволам ангажирање на војниците, односно армијата да биде логистичка потреба“, додаде Пендаровски.

Монтажната болница до Инфективната клиника е скоро полна со болни, па сега новите пациенти ќе се примаат на Клиниката за неврологија и Кожна клиника, а дополнителни болнички легла треба да обезбедат и интерните клиники.

„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники, на списокот на лекари и медицински сестри се сите вработени од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, на располагање се става Институтот за белодробни заболувања, Клиниката за неврологија и Клиниката за дерматологија а дополнителни болнички легла ќе има во рамките на повеќе интерни клиники“, изјави Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека по зголемениот број на нови позитивни случаи, граѓаните можат да бидат спокојни, болнички кревети има сосема доволно, а целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.

Премиерот Зоран Заев рече дека го плаши евентуалната нефункционалност во индина на Собранието, затоа што, како што вели тој, во моментов повеќе од 10 отсто од пратениците за позитивни или во самоизолација, или пак нивни блиски се заболени од Ковид-19.

„Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работењето на Собранието , иако тоа функционира. Како што имам информации, иако може не се точни, до сега од конституирањето на парламентот па до денес, имаме повеќе од 10 отсто заболени или во самоизолација  членови на Собранието или нивните најблиски, а допрва доаѓа крајот на есента и почетокот на зимата, рече Заев пред медиумите“, додаде Заев.

На прашање на ТВ21, претседателот на државата Пендаровски рече дека во следниот период ќе се одржи и средба со дел од здруженијата на граѓани околу аерзагадувањето, за кое пак Министерот Филипче потврди дека претставува уште една опасност при ширењето на коронавирусот.

.