Советничка на израелскиот премиер позитивна на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советничка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е позитивна на коронавирусот, изјавија властите во земјата. Нетанхају бил во контакт со советничката во четврток.

Веста дека советничката Ривка Палух е заразена, донесе вознемиреност дека можеби и премиерот е заразен.

Таа била тестирана само неколку часа откако нејзиниот сопруг бил позитивне на коронавирус. Од кабинетот на Нетанјаху истакнаа дека се постапувало во согласност со инструкциите од министерството за здравство, а Нетанјаху и неговите соработници ќе заминат во 14-дневен карантин.