Спасеновски: Во САД може да загуби кандидатот што има повеќе гласови од народот, и тогаш се случува револт

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професор Александар Спасеновски вечерва во Отвореното студио на ТВ21 посветено на изборите во САД, изјави дека во САД може да се случи кандидатот кој ќе добие повеќе гласови од народот, сепак да изгуби на изборите, што често води до револт и незадоволство меѓу гласачите.

„Ние знаеме во однос на начинот на избор на претседателските американски избори дека тој се бира, односно граѓаните ги бираат електорите, електорите го бираат новиот претседател на САД. Знаеме дека има едно друго правило дека победникот во една од сојузните држави го зема вкупниот број на лектори кои што доаѓаат од таа држава“, истакна Спасеновски.