Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на својот „Фејсбук“ напиша дека МВР вечерва до ДИК ги доставило сите податоци на граѓаните, вклучувајќи ги и отпечатоците од прсти. Со тоа бил испочитуван законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори.
„Денеска во 20:00 часот, Министерството за внатрешни работи ги достави до Државната изборна комисија податоците на граѓаните, вклучително и отпечатоците од прсти, со што го испочитува законскиот рок од 48 часа по распишување на локалните избори, предвиден во Изборниот законик.“, напиша Спасовски на Фејсбук.
