Отстранување на објектот од стариот затвор и старата полициска станица за проширување на улицата „ЈНА“ била една од темите на денешната средба на министерот за внатрени работи Оливер Спасовски со градоначалникот на Општина Струга Оливер Спасовски.
Општинската – прес служба соопшти дека покрај министерот Спасовски во посета на Струга денеска биле и неговиот заменик Назим Буши и Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, на која одржале состанок со началниците на СВР Охрид и ОВР Струга Сашо Смилески и Дритан Ајро и командирот на Полициската станица Струга Абдулќерим Камбери.
Меѓу другото, како што е наведено во информацијата, станало збор и за преместување на Полициската станица во Струга во друг објект со подобри услови за вработените, за што градоначалникот Мерко понудил дел од општинската зграда.
– Општината понуди да го издаде приземјето за сите управни служби на МВР: лични карти, патни управи , возачки дозволи…, а министерот Шаќири предложи воведување на проектот „Една точка на услуги“, соопшти Општина Струга.
На средбата, според соопштението, била разгледана и безбедносната состојба во градот, како и заштитата на природното и културното наследство. Било побарано и надминување на проблемот со неиздавање возачки дозволи во Струга
