Спасовски негира дека се скарал со Буши: „Имаме одлични односи“

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, негира дека пред неколку дена имал недоразбирање со неговиот заменик Назим Буши.

ТВ21 неофицијално пред неколку дена дозна дека заменик-министерот од редовите на ДУИ, Назим Буши, побарал од министерот Спасовски да ја разгледа листата на вработени во МВР кои со години не биле унапредени и да се реши ова прашање, но како што дознаваме, министерот од СДСМ, не прифатил вакво нешто, поради што се отворило дебата во кабинетот на Спасовски.

Шефот на полицијата негира дека имало недоразбирање. Но, пред два дена, заедно со неговиот заменик Буши, беа пречекани од првиот вицепремиер Артан Груби. Официјално беше соопштено дека тема на средбата било распределување на административците вработени според Програмата К5, со цел унапредување на соодветната и правичната застапеност во државните институции.

-Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места. Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех-

Спасовски тврди дека има одлични односи со неговиот заменик.

Спасовски потврдува дека се пошегувал кога не дозволил неговиот заменик да одговори на прашање, бидејќи бил казнет поради неносење маска, а како што вели, тоа му го објаснил и на самиот Буши.

Забраната која Спасовски му ја упати на Буши на прес-конференција, првиот вицепремиер Артан Груби, ја нарече лош хумор, а целиот настан како што вели бил разјаснет откако министерот му телефонирал и му рекол дека немал намера на навреди никого.