Спасовски: Олабавувањето на мерките ќе се одвива во три фази

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција истакна дека олабавувањето на мерките во земјата поради пандемијата на Ковид-19, ќе се одвива во три фази.

„Прва фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на вонредна состојба и ограничување на движење, со постепено намалување на времетраењето на ограничување. Втората фаза е транзициона односно инициално воспоставување на работните процеси, со строго одредени мерки. Третата фаза е потполно враќање на редовно работниот процес, со почитување на противепидемиски мерки, кои што значи дистанцирање и лична хигиена“, изјави Спасовски.