Спасувачка акција во Албанија, извлечени македонски туристи во близина на Химара

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската полиција во спасувачка акција во заливот Филикури кај Химара, биле спасани двајца македонски туристи, кои биле блокирани во заливот.

– Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.

Жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот, добила медицинска помош и била транспортирана до болницата, и таа е во добра здравствена состојба.