Украинската и американската страна составија список на услови за завршување на војната, кој содржи 22 „многу специфични дејствија“, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.
„На Украинците не им се допаднаа сите услови, но никому нема да му се допадне конечниот став што ќе го заземете. Тоа е во ред кога имате преговори. Но, ние сме во прилично добра позиција со нив“, изјави Келог за „Фокс њуз“.
Одговарајќи на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија ќе ја добие војната против Украина, Келог рече дека тоа не одговара на реалноста.
