Спортски авион со четири патници исчезнал во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Спортски авион од типот „Цесна“ со четири патници, исчезнал од радарот во близината на Раковица во северниот дел на Хрватска, во близината на границата со БИХ, соопштија од горската служба на Хрватска. Горската служба најпрво јави дека се урнал, а потоа ја повлече веста.

Хрватските медиуми јавуваат дека сите четири патници биле од Унгарија, а авионот летал од Сплит кон Германија.

30 припадници на горската служба се на терен во потрага на авионот.

Авионот исчезнал од радарот околу 11:52 часот. Веднаш во потрага се пуштиле и 34 полициски службеници. Последниот контакт на авионот бил на 2300 стапки, ссеверно од Раковица.