Во Србија нема регистрирани случаи на заразени од коронавирус (Ковид-19), соопшти Министерство за здравство на Србија.
Според медиумите, во петокот во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак се тестирани 32 лице кои кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот (престој во област на интензивно пренесување на вируси и присуство на симптоми на инфекција на респираторниот тракт).
Примероците од сите тестирани субјекти се негативни на коронавирус.
Утринава до 08 часот биле тестирани и примероци од две лица кои, исто така, се негативни на коронавирусот.
