Србија повлече фен за коса поради ризик од струен удар, истиот производ го има и во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веб-страницата за алармирање на Министерството за трговија објави дека од српскиот пазар се повлекува уште еден производ – фен за коса.

Се работи за фен за коса од брендот Iskra, модел RH-1558-1BL, код EAN: 3830042565970, спакуван во картонска кутија, црна боја. ТВ21 провери и истиот фен го има и во дел од маркетите за техничка роба во Македонија.

Производот се повлекува поради ризик од електричен удар.

Како што е најавено, овој производ имаат можност да се прегреат, што доведува до оштетување на изолациониот материјал и контакт помеѓу оштетената изолација и куќиштето на уредот. Доколку корисникот дојде во контакт со делови под напон, може да постои ризик од електричен удар.

Земјата на потекло е Кина.