Српската коалиција „Србија против насилство“ итно бара поништување на гласовите во главниот град Белград, поради „неправилности“.
Од оваа коалиција соопштија дека денеска на основа на 81% преброени гласови, СНС има 21 илјади гласови повеќе од листата на „Србија против насилство“.
Од коалицијата тврдат дека повеќе од 40.000 гласачи во главниот град организирани биле доведени од други градови, и со тоа е драстично променета волјата на граѓаните на Белград.
Затоа бараат поништување на гласањето во Белград, и повторување на гласањето за Собранието на градот и „чистење на бирачкиот список“.
За денеска пред републичката изборна комисија најавија протест.
