Во последните 24 часа во Србија има голем скок на бројките на новодијагностицирани случаи на коронавирус. Најновата статистика вели дека во последните 24 часа биле регистрирани 386 нови случаи.
Починаа четири лица, а на респиратор во моментов се наоѓаат осум пациенти. На болничко лекување се наоѓаат 452 лица.
Епидемиолозите на оваа земја предупредуваат дека не треба граѓаните да се опуштаат, и дека епидемијата не е завршена. Апелираат на вакцинација на граѓаните.
