Среде зима останал на улица, Бајрамов: Не третираат како лопови и животни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Камбер Бајрамов кој е бездомник. Тој долги години живее по скопските улици, каде што ќе н ајде место да преспие. Преку зима еден месец е сместен во засолништето Момин Поток но вчера му рекле дека треба да го напушти истиот бидејќи таму не може да престојува повеќе од 30 дена.


Болен, со стент на срцето и социјална помош од 5 илјади денари тој треба да си обезбеди живот. Тој често е принуден да проси а често го третираат како крадец. Но тој има само едно барање, да има кров над главата, стабилно место каде што ќе може трајно да се смести.

Инаку Бајрамов додава дека има многу луѓе кои им помагаат на лицата како него, но тој бара да се почитува законот за бездомници од надлежните институции каде што се пожалил неколку пати, но ништо не е направено.


Секретарката на Црвен Крст, Сузана Цунева Пауновска за ТВ21 објасни дека бездомниците кои имаат потреба од засолниште можат да се сместат во Чичино село за каде се аплицира преку социјалниот центар, но на некои тоа не им се допаѓа и затоа не прифаќаат, додава таа. Пауновска вели дека за декември, јануари и февруари имало соби за издавање за бездомници поради пандемијата.


Инаку бездомниците во пунктот Момин Поток можат да ги добијат сите потребни услуги два пати неделно, а 24 часа преку зима и таму можат да преспијат поради ниските температури.