Иако од утре средните училишта во Тетово и во Гостивар требаше да почнат со настава со физичко присуство, сепак, Владата денеска донесе одлука да продолжат он-лајн до крајот на неделава, односно до 20 септември.
„На оваа седница, Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.“, се вели во соопштението од Владата.
Претходно беше одлучено улилиштата од овие два града да почнат две недели он-лајн поради лошата ситуација со коронавирусот.
