Средношколец лажно се преставувал како наставник и имал пристап до сите податоци од е-дневникот на ниво на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Средношколец лажно се преставвал како наставник, за да добие корисничко име и лозинка, за потоа три години да има пристап до сите податоци од електронскиот дневник. Воедно, средношколецот од Прилеп ги координирал и им помагал при водењето на дневникот.

„ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му креирала официјална електронска адреса од Министерството за образование, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка, му соопштила да ги координира сите наставници. На тој начин пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник. Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот oд службениот меил од МОН“, соопштија од МВР.