Братислав Гашиќ, министер за одбрана во Владата на Република Србија, утрово доживеа сообраќајна несреќа на автопатот Ибар, јавува РТС. Во сообраќајната несреќа нема повредени.
Како што неофицијално дознава РТС, возач на цивилен автомобил заспал, изгубил контрола над возилото, преминал на спротивната лента и удрил во службени возила на Министерството за одбрана. Во еден од автомобилите бил и министерот за одбрана Братислав Гашиќ.
