Во ужасниот напад во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, утрово се убиени осум ученици, и еден работник во обезбедувањето, потврди МВР на Србија.
Како што се наведува, ранети се уште шест ученици и една наставничка.
МВР на Србија наведува дека сите се згрижени во Ургентниот центар во Белград.
Ученикот Коста К. на ова училиште роден 2009 година, извршил напад во училиштето, е уапсен во школскиот двор, наведува МВР.
И натаму сите полициски сили се на терен и се истражува мотивот за овој крвав напад.
Владата на Србија закажа итна конференција по повод оваа трагедија.
