Градежните активности на стадионот во Тетово продолжуваат. Иако Владата, предводена од Талат Џафери, на 22 седница пред една недела донесе одлука со која наложуваат да се прекинат активностите, сепак општината одлучи да не ја почитува оваа одлука, на како што ја нарекуваат Владата во заминување.
„Во кабинетот пристигна одлука на Владата за стопирање на работите на стадионот, но без разлика на одлуката, работите за реконструкција на градскиот стадион ќе продолжат, бидејќи не ја почитуваме одлуката на оваа корумпирана Влада која е во заминување. Оваа власт и кога беше во локалната власт и сега, речиси 16 години му донесе само штета на градот Тетово и тетовци никогаш не виделе добро од оваа власт во заминување.“, рече Дурмиши.
Владата претходно информираше дека побарала мислење од Уставниот суд, за оцена на уставноста и законитоста на постапките за стадионот во Тетово, кој со одлука на Владата во 2015 година и беше доделен на општина Тетово на трајно употреба, без надомест.
-Генералниот секретаријат на Владата мора да подготви комплетна информација за статусот на Новиот фудбалски стадион – Тетово, ОП бр. 11476. Во меѓувреме да се испрати упатство до општина Тетово, да се стопираат работите на терен, се додека не се дојде до законска разрешница на случајот.“, стои во соопштението на Владата.
Инаку, на 15.03.2023 година, Советот на општина Тетово донесе одлука со која дава гаранција за реализација на овој проект со кој стопанисува ЈП „Тетово Транспорт Тетово“, дека доколку при реализацијата има финансиски ризици кои не може да ги покрие ЈП „Тетово транспорт“, во таков случај општина Тетово ќе ги преземе обврските кои произлегуваат од потпишаниот договор.
Првите активности за изградба на градскиот стадион започнаа на 12 април 2024 година и се планира да се изгради за три години.
