реклама

Станица за производство на електрична енергија, може ли да му наштети на изворот Студенчица?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Во Кичево ќе се гради станица за производство на енергија од ветер, со моќност од 35 мегавати Оваа станица ќе се наоѓа на 12 километри од градот Кичево, во близина на Душегубица и Дорбоноец, а би минувала многу блиску до изворот „Студенчица“ кој ги снабдува со вода пет региони во државата. Иако се одржа јавна расправа, граѓаните не беа информирани за да дадат своја оценка. На расправата учествуваа само советниците на општина Кичево, кои ја изразија својата загриженост за можното влијание на овој проект врз изворот „Студенчица“, кој е од особено значење за Кичево. Овој проект беше започнат во 2011 година, но беше откажан токму поради можното влијание врз изворот „Студенчица“. Денеска повторно се размислува за проектот и за негова реализација.

За загриженоста на советниците во врска со ова инвестиција и заштитата на изворот Студенчица, експертот за животна средина Менка Спировска вели дека нема да има оштетувања на изворот кој го снабдува со вода овој регион и доколку се случи такво нешто, ќе понесе одговорност инвеститорот и министерството за животна средина.

Овој систем ќе биде 12 км оддалечен од градот Кичево, ќе зазема површина од 29,3 хектари и должина од 7 км а ќе се постават 7 ветерници. Капацитетот ќе биде од 35 мегавати електрична енергија. Целиот проект ќе се гради на државен имот и по подготовката на документацијата и почетокот на работите ќе бидат потребни околу 2 години за негова изградба.

реклама

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама