Директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ вo изјава за ТВ21 посочи дека на Инфективна во моментов има 95 пациенти.
„Во моментов има 95 пациенти на Клиниката за Инфективни болести, се подготвуваат и неколку исписа. Во мобилната засега нема приеми, се додека не се наполни комплетно капацитетот на клиниката“, додава таа.
Целото интервју вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 во 19:10 часот.
