Стевановиќ: Пополнети капацитетите на Инфективната клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ денеска истакна дека пополнети се капацитетите на Инфективната клиника.

Таа вели дека од вчера и капацитетите на модуларната болница започнале да се полнат, и вкупно има 101 хоспитализирани.

„Изминатото деноноќие беа примени и хоспитализирани 19 пациенти, кои имале тешка или средно тешка клиничка слика“, посочи Стевановиќ.