Сто милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан од ЕБОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) објави дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе инвестира 100 милиони евра во младите претприемачи од Западен Балкан. Програмата поддржува микро, мали и средни претпријатија, управувани од лица до 35 години.

До сега, достапни се 30 милиони евра кредитни линии и 17 милиони евра за дополнително финансирање. Исплатени се над 1.700 кредити во вкупна вредност од 19,3 милиони евра.

Програмата нуди финансиска поддршка, советување и обуки за млади сопственици на бизниси, како и можности за вмрежување преку ЕБОР-овата иницијатива за мали бизниси.