На ЗДРАВЈЕТО на нашите заби влијаат многу различни фактори, од нашата општа здравствена состојба, генетиката, квалитетот на нашата исхрана до одредени секојдневни навики.
Веи Џиан, стоматолог од Малезија на својот профил на TikTok откри кои три вообичаени навики во повеќето случаи сериозно ги уништуваат нашите заби без ние да го сфатиме тоа. Ако го прашате, грицкањето нокти, користењето чепкалки и чкртањето заби или бруксизмот се најчестите причини за расипување на забите, а многу луѓе ги прават овие работи речиси секој ден.
@drweijian 3 habits that are ruining your teeth 🦷🔨 #tiktokguru #learnontiktok #dentist #fyp ♬ if u use this sound ur automatically hot – 🎸
Како што објасни во видео кое брзо стана вирално, крцкањето на забите може да доведе до зголемена чувствителност на забите, додека пречестата употреба на чепкалки доведува до оштетување и постепено повлекување на непцата.
