Ова го изјави еден од приватни стоматолози кои протестираа пред Министерството за здравство. Вели дека доколку продолжат да работат во овие тешки услови, многу нивни колеги ќе бидат принудени да ги затворат стоматолошките ординации. Претседателот на Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи ги наброја причините за денешниот протест:
Ѓорѓиев додава дека приватните стоматолози земаат помалку од половина од потребните средства.
Стоматолозите очекуваа министерот Беким Сали, кој исто така е стоматолог по професија, да излезе и да ги сослуша нивните барања, но тоа не се случи, иако протестот беше најавен уште пред една недела. Од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи ни рекоа дека на средба ги примил заменикот-министер за здравство, Владимир Рендевски, кој, како што истакнуваат, им ветил дека ќе ги разгледа нивните барања.
