„STOP BULLYING“, децата да ги пријавуваат, повик до родителите да им се посветат повеќе на децата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот Универзитет на Европа – ФОН организираше дебата за булизмот и насилството во училиштата. Со цел да не дојде до инциденти со фатални последици, панелистите испратија повик до сите родители да им се посветат повеќе на децата и да не се двоумат да ги испратат кај психолог.

Професорката Ана Фрицханд рече дека децата не треба да се плашат да пријават булизам но и дека треба повеќе да се работи со насилниците отколку со жртвите.

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеини, рече дека родителите треба да имаат пријателски однос со нивните деца, обидувајќи се да го објаснат проблемот како што тие го разбираат.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, истакна дека булизмот веќе не е табу тема и дека секое насилство или вознемирување треба да се пријави на е-мејл адресата отворена пред неколку дена.

Како главни причини за чудно однесување на учениците, учесниците на панел дисусијата ги спомнаа и социјалните мрежи каде младите се предизвикуваат меѓусебно со чудни постапки и на тој начин се обидуваат да бидат во центарот на вниманието. Последниот случај беше вчера при што една жена пријавила во полиција дека во едно основно училиште во Центарот на Скопје една ученичка подготвила список со закани кон другите ученици.