Стопанската комора ќе побара од ЕУ постепено отворање на европските пазари и фондови, зголемување на фондот за конкурентност и иновации како и дополнителни инвестиции од Европската комисија за инфраструктурни проекти а во исто време и надзор со цел да се избегнат сите злоупотреби и спората реализација.
Јадранка Аризановска од Стопанската комора истакна дека ќе побараат продолжување на роковите за воведување на некои стандарди. Роковите ќе се пресметуваат посебно заради спецификите на секоја гранка, а директно најзасегнати ќе бидат секторот земјоделие, металската и металуршката индустрија кои ќе треба да исполнат голем број стандарди за животната средина.
Аризановска вели дека за исполнување на сите барања на ЕУ и спроведување на правилник кој ќе се воведе како услов, ќе има и финансиски импликации за компаниите. Затоа бараат отворање на дополнителни фондови кои ќе бидат исклучително важни за бизнисот. Според Аризановска, македонската економија, од еден до десет, се рангира на третото место.
