Странски директни инвестиции – за рекордите власта си се фали, ама заслуга има и СДСМ и ДУИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска во името на владата каде што седат ВМРО ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, се пофали дека во 2024 година имаме најголеми странски директни инвестиции, од 1 милијарда и 255 милиони евра. Според неа, многу е важно што добар дел од овие инвестиции се во нови бизниси или во вложување и развивање на постоечките.

„Во однос на видот на инвестиција, странските директни инвестиции бележат рекордно високи износи кај двата вида – сопственички капитал и реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Сопственичкиот капитал и реинвестирањето на добивката во 2024 година изнесуваат 569 милиони евра, што е раст за 38,4 проценти во однос на претходната година.“, вели Гордана Димитриеска Кочоска.

Овие 569 милиони евра или 45 отсто од една милијарда и 255 милиони се нови инвестиции односно се или нови фабрики или проширување на работењето на постојните. Сепак, ако се погледнат подетално бројките ќе се види дека овие нови инвестиции најмногу се направени во првите шест месеци од годинава, односно кога на власт беа СДСМ и ДУИ. Во бројки, во првото полугодие лани, новите инвестиции биле 401 милион евра или 70 отсто од 569 те милиони.

Сепак, едната милијарда и 255 милиони евра странски директни инвестиции е најмногу до сега што е инвестирано од 2008 до сега. За Димитриеска Кочоска ова е добар сигнал за сегашните, но и идни инвеститори.

„Првиот доказ дека владата работи во насока на поддршка на компаниите, приватниот сектор, е тоа што тие се одлучиле да ги остават парите и да ги инвестираат. Имате ситуации кај одредени компании кои што поменуваат низ потешкотии, меѓутоа, и понатаму вложуваат во Македонија. Тој е сигнал дека веруваат на владата и затоа сакаат да останат тука и периодот додека им е тешко, да го надминат, со тоа што ќе ги задржат работните места, ќе отворат нови работни места и ќе продолжат да работат во државата.“, вели Гордана Димитриеска Кочоска.

Од СДСМ пак го искараа премиерот Христијан Мицкоски, дека странските инвестиции во 2024 се 90 отсто реализирани од СДСМ и дека тој секојдневно се кити со туѓи перја и кој не престанал да фрла лопати на проекти и инвестиции реализирани од СДСМ