„Странските борци и лицата кои се ранливи покажуваат незадоволство и посегнуваат по одредени групи на радикализам“, вели Ѓуровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Имајќи во предвид дека Балканот се наоѓа на крстопатот на мигрантската рута која поминува од земјите на блискиот исток, преку земјите од Балканот до Европската Унија, но и непосредниот факт дека некои 500-тини лица биле упатени на други територии како странски борци, и уште толку се вратиле назад на земјите од Балканот, вклучително и Македонија не прави реално ранливи со оглед радикализмот и тероризмот во суштина претставуваат сериозна закана за стабилноста и безбедноста, вклучително и на земјите од ЕУ“, истакна професорот по безбедност Марјан Ѓуровски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21.

Тој смета дека странските борци повратници, како и лицата кои се ранливи покажуваат одредено незадоволство и посегнуваат по одредени групи во делот на радикализмот.

„Имаме државјани кои живееле и егзистирале во сериозни вредности и демократија како што е Австрија, но се одлучиле да посегнат по безбедноста и стабилноста на своите сограѓани. Од тука сметам дека токму оваа балканска рута на мигрантите и повратниците на странските борци, од кој некаде околу 30 се осудени во Северна Македонија за кривичното дело „странски борец“ и „учество на туѓи територии“, од нив веќе 15 се ослободени и претставуваат потенцијален ризик и за земјите од Балканот, но и за целокупниот дел од Европа“, вели Ѓуровски.