Стравична несреќа се случи во Хрватска, во која загинаа 11 лица, пренесуваат хрватските медиуми.
Автобус со полски регистарски таблички, излетал од автопатот А4 кон Загреб, и според првите информации, има и многу повредени.
Несреќата се случила помеѓу местата Јарек Бисашки и Подворец, пренесува „Вечерњи лист“. Ангажирани се екипи на брза помош.
Според истиот медиум, загинаа 11 лица, а повредени се повеќе од 40, но се стравува дека овие бројки не се конечни.
До несреќата дошло рано наутро во 5:40 часот. Засега нема информации за причините за несреќата.
Ова е една од најтешките несреќи во Хрватска. Во 2008 година 14 словачки туристи загинаа во несреќа на автопатот А1. Минатата година косовски автобус излета од патот и смртно настрадаа девет лица. Во 2012 година осум чешки туриски загинаа на автопатот Загреб – Сплит.
ФОТО: Вјеран Зганец Рогулја/Пиксел
